Македонија
30. January 2024 - 11:39

Клисарова: Двајца од тројцата приведени биле на смена на Клиниката за Онкологија

Директорката на Клиниката за Онкологија во изјава за медиумите рече дека двајца од тројцата приведените биле на своите работни места во Клиниката за Онкологија.

За останатите информации поврзани со претресите кај лицата кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.

Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија.

Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.