Клинтон ја одби финалната дебата со Сандерс
Водечкиот претендент за номинација на Демократската партија за кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон го одби повикот да учествува во завршната дебата во Калифорнија со нејзиниот противник Барни Сандерс, соопшти тимот, која ја води предизборната кампања на поранешната американска државна секретарка.
- Го одбивме повикот на каналот Фокс Њуз за учество во дебатата во Калифорнија, изјави вчера портпаролот на Клинтон, Џенифер Палмијери, додавајќи дека наместо тоа таа ќе се фокусира на кампањата против противникот од редовите на републиканците, Доналд Трамп.
Палмијери изрази уверување дека за Клинтон најкорисно е директно да се сретнува со гласачите ширум Калифорнија и да се подготвува за генералната предизборна кампања во ноември.
Сандерс од друга страна се согласи да учествува во дебатата во Калифорнија, каде на 7 јуни ќе бидат одржани потенцијално пресудните внатрешни избори, како и во уште пет американски држави.
Сенаторот од Вермонт вчера одговори на одлуката на Клинтон изразувајќи „разочарување, но не и изненаденост од нејзината неподготвеност да дебатира во пресрет на најголемите и најважните внатрепартиски избори во процесот за номинирање на претседателскиот кандидат“.
Потпретседателот на Фокс Њуз Бил Самон изјави дека телевизијата е разочарана од одлуката на Клинтон, особено поради тоа што трката се уште трае и таа првобитно се согласила на дебатата.
Клинтон и Сандерс во февруари се договорија да одржат уште четири дебати, вклучувајќи го и финалето во Калифорнија, а досега одржаа само три.
Во меѓувреме Клинтон изјави дека економската политика на републиканскиот кандидат Трамп ќе доведе до намалување на платите, работните места и до поголем долг.
Клинтон обраќајќи се пред илјадници работници на конвенцијата на синдикатите во Детроит рече дека Трамп „би можел да ја доведе Америка до банкрот, како што тоа го стори со своите компании“.
- Запрашајте се како некој, кој држи казино може да загуби пари, нагласи таа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг