Климатските промени виновни за силното невреме над Европа
Германската метеоролошка служба (ДВД) денеска повоторно предупреди на интензивен дожд и ветер коишто покрај Германија ќе ги зафати и Франција и Белгија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Невремето коешто започна минатата недела во неколку европски земји досега однесе 10 животи. Постар брачен пар се уште се води за исчезнат, а телото на еден 65-годишен маж ноќеска беше пронајдено во градот Симбах во Баварија. И покрај потоплото време до 27 степени што се очекува да ја зафати Германија наредната недела метеоролозите предупредуваат на претпазливост.
„Новиот влажен бран што ќе ја зафати Германија ќе има потенцијал за силно невреме“, се вели во соопштение од ДВД од каде велат дека невремето може да се предивиди само 90 минути пред да се случи. Метеролозите не исклучуваат и врнежи од 60 литри на квадратен метар.
Според Институтот за климатски истражувања од Потсдам силното невреме над Германија и над Европа може да се препише на климатските промени, иако за докажување на оваа теза потребни се дополнителни статистички докази.
Портпаролот на институтот Питер Хофман вели дека можна причина за невремето може да биде побрзото загревање на Арктикот што причинило промени во климата од Атлантикот преку континентална Европа, а во исто време топла воздушна маса доаѓа на континентот од Северна Африка и екваторијалниот дел на Атлантикот. Судирот меѓу студените воздушни маси од север и топлите од југот создаваат обилни дождови и громови, анализираат од институтот во Потсдам од каде предупредуваат дека е можно повторување на катастрофалните поплави што ја зафатија Европа во 2012 година.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури
-
Кавадарци: Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МВР покрена постапка за националистичкото скандирање на Шкендија-Карабах