Македонија
23. July 2022 - 16:45

Климатските преомени имаат сериозно влијание врз производството на храна

Климатските промени може сериозно да го намалат производството на храна. Според експертите, негативните ефекти што ги предизвикуваат високите разлики во температурите и недостатокот од врнежи како во зима, така и во лето веќе се чувствуваат во земјоделието, а резултатот е намалено производство и слаб квалитет.

Предлагаат  решението да се бара  во нови сорти на земјоделски култури кои ќе бидат отпорни на температурните разлики.

Производството на култури кои не се толку сензибилни на температурните амплитуди треба да биде само дел од државната стратегија во која ќе бидат вклучени науката, производителите, трговците, преработувачите, но и државните институции.

Во спротивно за неколку години може наместо земја производител, да станеме земја увозник на земјоделски производи.

Според одредени проценки само во струмичко мината година  земјоделското производството беше намалено за околу 30%.

Како една од главните причини за овој негативен процент земјоделците ги посочија токму  климатските промени и долгиот и сушен период.