Кличко: Голем број тенкови доаѓаат од Белорусија, Киев се подготвува за одбрана
Ситуацијата останува тензична. Во моментов голем број тенкови се приближуваат кон главниот град на Украина од правец на Белорусија, изјави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за телевизијата Украина 24.
– Ситуацијата е тензична. Додека се подготвуваме, голем број тенкови доаѓаат од исток, од Белорусија. Нашите момци исто така се подготвуваат да не бранат … Можам да кажам дека сум горд што сум Украинец и овие напори што ги преземаат нашите момци се напори на силна волја, што го покажува нашиот украински карактер. Нашите момци покажуваат неверојатни способности во одбивањето на нападите на Киев. Денеска, целта на Русите е нашиот главен град – рече Кличко.
– И јас сум изненаден што луѓе кои никогаш во животот не носеле оружје, лекари, театарски актери, сега го прават тоа и велат дека ќе ги браниме нашите домови и ќе ја браниме нашата земја и нашиот град. Никогаш не сум видел таков патриотски подем во која било земја – рече Кличко.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати