Ќучук: Во 21 век да се оспорува идентитетот и јазикот е неевропско и неодржливо
Предлогот на Европската Унија беше прифатен во македонското Собрание, а билатералниот протокол беше потпишан вчера во бугарското Министерство за надворешни работи. Бугарскиот интерес е заштитен, ова е успех и за дипломатијата, изјави европратеникот и постојан известувач на ЕП за Македонија, Илхан Ќучук, гостувајќи утрово во емисијата „Денот почнува“, пренесе БНТ.
„Не треба да бараме кој е победник или кој е губитник во овој долг разговор“, нагласи тој.
Според Ќучук, договорот од 2017 година бил успешен по тоа што поставил одредени проблеми, но и дал можност да се почне сложениот разговор за минатото, кој исто така поминува низ разговорот за иднината.
„Ние ги потпишуваме договорите во однос на уставот на Бугарија и уставот на Северна Македонија. Веројатно според овој протокол, под кој министрите се потпишаа вчера, г-ѓа Генчовска како бугарска министерка за надворешни работи го потпиша делот во кој се вели бугарскиот јазик во однос на уставот на Република Бугарија и Македонскиот јазик во однос на уставот на Република Северна Македонија.
Тој нагласи дека во 21 век да се оспорува идентитетот и јазикот на кој било е едноставно неевропско и неодржливо.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ