Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“
Во центарот на Дебар денеска е поставен трансперент на кој пишува „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“.
-Транспарентот го поставивме денеска наутро во 7 часот. Тој се наоѓа на спротивната страна од седиштето на огранокот на нашата партија. Поставен е по барање на 90 отсто од Албанците во Дебар, изјави за МИА, Рамадан Имери, потпретседател на огранокот на Демократската унија за интеграција.
Тоа е, како што поочи, поради „незадоволството и револтот од понижувањето што го доживуваат Албанците од актуелната влада“.
Со дебарчани со кои разговаравме сепак не се согласуваат со овие ставови и сметаат дека вакви „провокации не се потребни“.
Претходно транспарент со ликот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше поставен на надвозник на автопатот Скопје – Тетово, веднаш после населеното место Сарај, на кој беше напишано „Команданте ние сме подготвени“.
Европкиот фронт утре ќе одржи настан под мотото „Сто дена, омаловажување, скандали, навреди“, на кој ќе се обратат лидерите на партиите вклучени во Фронтот.
Министерот за внатрешни ранботи Панче Тошковски вчера изјави дека полицијата жестоко ќе одговори на сите предзвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на државата. По изјавата на премиерот Мицкоски во врска со можни обиди за дестабилизација по одвојувањето на Севрена Македонија од Албанија во евроинтегративниот процес, дека земјава соодветно ќе постапи, како и пораките од Мала Речица дека ДУИ е „подготвена за идните политички предизвици“, Тошковски рече дека сите информации се проследуваат до надлежните органи. Ќе се одговори, вели, и на сите обиди за подгревање на меѓуетнички тензии.
-Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата. изјави Тошковски.
Премиерот Мицкоски во август излезе со тврдење дека интегративците во септември ќе преземат чекори во насока на дестабилизирање на државата во обид да го заштити капиталот кој го создале за време на владеењето, но ова тврдење беше отфрлено од страна на партискиот лидер Али Ахмети.
Пред два дена партијата одржа состанок во седиштето во Мала Речица. -Ние сме тука и сме подготвени, напишаа на заедничката фотографија што ја објавија по состанокот, а потоа, на социјалните мрежи се појавија и други фотографии со кои упатија прашање: „Дали сте подготвени?“. Од партијата постојано демантираат дека имаат какви било планови за дестабилизација.
Ново на Сител
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт
-
Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
-
Масовниот убиец Андреас Брејвик повторно бара предвремено пуштање од затвор