-->
-->
Ќерката на Нино Решиќ повторно се огласи на социјалните мрежи
-->

Некогашен менаџер и голем пријател на Нино Решиќ, Нермин Адемовиќ неодамна даде интервју во кое ги раскажа последните моменти поминати со својот пријател.
Сандра одлучи поради тоа да се огласи на социјалните мрежи.

„Бидејќи и понатаму добивам пораки со голема омраза, јас уште еднаш и за последен пат би ве замолила вас кои сте на мојот профил само за да оставите негативен коментар (во ред е не очекувам сите да ме сакаат, просто тоа не е нормално), туку луѓето, семејството и пријателите кои се тука поради поддршка. Не читајте и не верувајте во глупости. Јас никогаш не сум изјавила чија сум јас, дали го посетувам гробот и уште такви глупости за кои никој и ништо не знае. Вас, на кои ви е најважно во животот анонимно да ги барате новинарите, да раскажете многу глупости кои ни јас не ги знам, сакам да кажам само едно: Каде бевте вие целиот негов живот и каде бевте сите овие 9 години откако го нема? Сега е лесно, тука е Сандра и ајде преку неа. Последен пат ве молам оставете го починатиот човек веќе на мира. Посетувајте ги гробовите на своите блиски, моите оставете ги веќе на мира. Какви луѓе сме ние“, напиша Сандра.
И по неколку дена одлучи уште еднаш да се огласи.

„Аууу, најголем проблем во државата е Сандра и Нино Решиќ. Не знам дали да плачам или да се смеам. Жими мајка. Дај малку простор за бремените жени, самохраните мајки, жртвите од насилство, болните деца, инвалидите... луѓето се гласни, голи и боси. Еве не знам“, напиша Сандра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи