Ќерка ја удирала мајка си со чекан додека спиела - Обвинение за обид за убиство во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост.
- Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото, соопшти Јавното обвинителство.
Согласно извршените вештачења, како што се наведува во соопштението, е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.
- Бидејќи се уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата, информираат од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс