Ќе се следи третманот на младиот Леонид во Скопје, вели Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека ќе се следи третманот на младиот Леонид Индов во нашата држава откако тој со хеликоптер е транспортиран од Виена каде беше на лекување.
- Утрово потпишав, со одлука на Влада сѐ ќе биде организирано засега да се врати детето во Македонија, па понатаму ќе видиме каков ќе биде третманот. И како Министерство за здравство и како Влада ќе бидеме максимално ангажирани во вакви случаи, изјави Таравари одговарајќи на новинарско прашање.
Утрово, од Министерството за внатрешни работи и од Центарот за управување со кризи информираа дека вчера, доцна попладне, Индов бил транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје.
Тој беше на лекување во Виена и за него на 10 јули годинава, неговиот татко упати барање до ЦУК за воздухопловен транспорт. Според соопштеното, хеликоптерот за воздухопловни единици на МВР бил опремен со медицинска опрема, а во него бил и медицински тим од ГОБ „8 Септември“.
- Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје. Транспортот со хеликоптер се реализира согласно Договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на 6 февруари 2024 година од Скопје за транспорт на Леонид до Клиниката во Виена, Австрија на лекување, е наведено во соопштението на ЦУК.
Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет