-->
-->
Ќе се проширува граничниот премин кај Делчево од бугарска страна
-->

Бугарскиот граничен премин Станке Лисичково ќе се проширува со цел полесно поврзување, најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Според најавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов, проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково може да се очекува наредната година.
- Во моментов е тендерска постапка за проширување на граничниот премин. Очекуваме на почетокот на следната година да имаме нов пункт со три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Северна Македонија за нејзино членство во ЕУ, рече Маринов.
Проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково ќе биде од огромно значење за жителите на двете страни од границата, бидејќи ќе има побрз проток на сообраќајот и ќе се избегнат застоите што ги има сега.
- Во одредени моменти на овој граничен премин се создава сообраќаен метеж што навистина претставува проблем за патниците кои понекогаш на бугарска страна чекаат и по два часа за влез во соседната земја. Ако ова се оствари, тоа би било одлично, велат патници кои денешниот неработен ден го искористија за кратка прошетка до соседна Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
-

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“
-

Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават
-

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување
-

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
-

Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”
