Ќе се формира работна група за реформа на Судскиот совет

Во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот совет. Во работната група, информираа денеска од Министерството за правда (МП), ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област.
- Во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата, информираа од Министерството за правда.
Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, појаснуваат од МП, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата.
- Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката. Министерството за правда би сакало да го истакне значењето од реформата на Судскиот совет како орган кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните и целокупната јавност во судскиот систем, наведуваат во соопштението од МП.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
