Ќе има ли нови странски инвестиции во зоните во 2022 година?
Три нови инвестиции во зоната во Тетово, Кичево и Штип, се очекуваат од следниот месец. Преговорите со компаниите се на самиот крај. Од ТИРЗ се задоволни што новите вложувања нема да бидат во зоната во Скопје, туку во оние до другите градови. Исто така велат дека е добро што овој пат инвестициите не се од автомобилската индустрија туку од други дејности.
И покрај двегодишните притисоци од пандемијата, 2021 година се завршила со рекорден извоз тежок над 3 милијарди евра. Од ТИРЗ велат дека тоа е повеќе и од 2020, но и од 2019 која важи за една од подобрите години. Иако признаваат дека дел од компаниите се соочуват со потешкотии во работењето, очекуваат позитивните трендови да продолжат.
Претставниците на странските компании во земјава, сметаат и дека треба да продолжи државната помош, со оглед на тоа што се уште се чуствуваат проблемите од Ковид-19.
Инаку, во привлекувањето на нови инвеститори, од ТИРЗ уверуваат дека главен услов ќе бидат платите кои тие се подготвени да ги понудат за работнциите. Посочија и дека просекот на плати во зоните полека го надмина државниот просечен износ.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар