Живот
16. April 2017 - 14:53

Ќе ги погоди и тие со најтврдо срце- Еве како едно храбро детенце се грижи за својата болна мајка

Фотографијата од 8- годишното момче кое ја прегрнува својата тешко болна самохрана мајка додека одмораат, ќе ги погоди и тие со најтврдо срце. За својата возраст ова момче покажа завидна храброст, зрелост и пожртвуваност.

Тој, за разлика од децата на негова возраст кои деновите ги поминуваат во игра, последните неколку години дава безрезервна поддршка на својата мајка. Таа се бори со рак на дојка и нејзината состојба е се полоша.

Освен што болеста ја исцрпила физички и психички, тие и финансиски се потешко ја поднесуваат ситуацијата.

Но, детенцето секој ден се обидува да ја охрабри мајката и да се бори заедно со неа.