Кипар и Египет потпишаа договор за размена на природен гас

Кипарскиот министер за енергетика Јоргос Лакотрипис и египетскиот министер за нафта Тарек ел Мола во Никозија денеска потпишаа договор за пренос на природен гас од средоземноморската островска држава до Египет, пренесува БТА.
Горивото ќе се пренесува од економската зона на Република Кипар до Египет по цевковод по дното на морето, јавува весникот „Филелефтерос".
- Го потпишавме првиот од неколкуте договори, неопходни за да се создаде една сигурна инвестициска рамка за пренос на природен гас од Кипар до Египет, изјави кипарскиот министер.
Египетскиот министер за нафта, исто така, изрази задоволство од потпишаниот договор, при што забележа дека и покрај тоа што Египет веќе има наоѓалиште за гас - „Зор", побарувачката за природен гас во земјата е се уште голема.
3апрашан - кога ќе започне доставата на гас за Египет, кипарскиот министер посочи планот засега го опфаќа периодот помеѓу 2020-2022 година.
- Кипарската влада се уште врши консултации со компаниите за убрзување на таа постапка, рече Лакотрипис.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
