-->
-->
Кинески студенти во САД го оштетиле „Епл“ за околу 900.000 долари
-->

Двајца кинески студенти во американската држава Орегон со измама ја оштетиле компанијата „Епл“ за околу 900.000 долари. Американските власти ја откриле измамата по речиси две години.
Кинеските студенти од 2017 година нарачувале лажни примероци на телефони „Ајфон“ од Кина кои потоа, онлајн или лично, во продавниците на „Епл“ во САД ги пријавувале како расипани. Најчесто „Епл“ вршел замена на лажните „Ајфон“ телефони, со што компанијата е оштетена за околу 895.000 американски долари. Заменети се вкупно 1.493 телефонски апарати.
Кога ги добивале вистинските „ајфони“, двајцата студенти ги враќале во Кина и за возврат добивале пари на банкарската сметка на мајката на еден од нив.
Кинескиот танден е откриен од американските власти, откако почнале да ги истражуваат сомнителните пратки со „Ајфон“ кои од Кина се испорачувани на Кинезите кои во САД престојуваат со студентска виза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
