Кина почна мисија за извлекување примероци од астероид

Кина рано денеска ја почна својата прва мисија за собирање примероци од карпи од астероид близу Земјата. Целта е да се продлабочат научните сознанија за создавањето и обликувањето на астероидите и за раниот Сончев Систем.
Вселенското летало без екипаж „Тијанвен-2“ успешно полета од центарот за лансирање на сателити „Шичанг“ во југозападна Кина, соопшти кинеската Национална вселенска администрација. Сондата ќе патува околу една година, а целта е астероидот „2016 ХО-3“, наречен и „Камо’оалева“. По пристигнувањето, леталото ќе орбитира околу астероидот заради набљудување и за земање примероци од површината на вселенското тело.
Се очекува примероците да бидат вратени на Земјата во капсула до крајот на 2027 година.
Потоа, следи испитување и на кометата „311-П“, којашто се наоѓа во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер.
Кинеската вселенска програма рапидно се прошири последниве години, а можеби најважниот потфат го вклучуваше поставувањето на вселенската станица „Тијангонг“, како и плановите за слетување на Месечината со екипаж околу 2030 година. Со лансирањето на „Тијанвен-2“, Кина се обидува да им се придружи на САД и Јапонија како држави коишто успеале во праќањето примероци од астероиди на Земјата.
Ново на Сител
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
-

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

За два денари поскапува дизелот
-

Кривична пријава за скопјанец, не обезбедил услови за работа, двајца повредени работници
-

Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја
-

Синер за неговите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот: Невозможно е
-

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Русопулос в понеделник ќе се обрати пред пратениците
-

ЈП Паркинзи на Општина Центар со нови информативни табли и можност за плаќање со QR-код
