Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина
Кина очекува сите страни поврзани со украинската криза да учествуваат во мировни преговори со цел постигнување траен договор, прифатлив за сите засегнати страни, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.
– Се надеваме дека сите страни и актери ќе се вклучат во мировни преговори навреме и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и прифатлив договор, рече Мао на прес-конференција.
Денеска европски лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон – три дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.
Коментирајќи ја средбата Трамп–Путин, Мао Нинг истакна дека Пекинг ги поддржува сите напори за мирно решавање на украинската криза и додаде дека кинеските власти ќе помогнат со сопствени методи.
– Продолжуваме на наш начин да ги убедуваме страните во потребата од преговори, рече таа во одговор на новинарско прашање дали Кина е подготвена да гарантира безбедност на Украина во случај на договор за прекин на огнот.
Кина, според Мао, „го поздравува одржувањето контакти меѓу Русија и САД, подобрувањето на нивните односи и придонесот кон политичко решение на украинската криза“.
МИА
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори