Ким најави нова најсофистицирана болница во Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска положи камен-темелник за изградба на нова болница, истовремено признавајќи дека во земјата недостасуваат современи медицински институции.
– Клучно е државните напори да бидат насочени кон подобрување на јавното здравје… Модерната општа болница треба да биде завршена до 75-годишнината од формирањето на Работничката партија, што ќе се обележи во октомври, посочи Ким.
Тој додаде дека во Пјонгјанг има неколку модерни болници, но оти новата ќе биде најсофистицирана во Северна Кореја.
Според податоци на Светска здравствена организација во Северна Кореја има 135 општи и други болници.
Експертите предупредуваат дека епидемијата на новиот коронавирус во Северна Кореја би можела да има катастрофални последици по земјата поради хроничниот недостиг на медицинска опрема и застарената болничка инфраструктура.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција