Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги поздрави командантите и војниците распоредени за да помогнат во руските напори за враќање на делови од западниот Курски регион, што беа заземени од украинските војници, објави денеска државната агенција КЦНА,, пренесена од ДПА.
Државната агенција соопшти дека Ким вчера се сретнал со командантите на единицата за прекуокеански операции на севернокорејската армија, веднаш по нивното враќање дома.
Ким, пренесува КЦНА, ги пофалил командантите и војниците за нивната работа во Курск.
„Нашата армија сега го прави тоа што го прави и тоа што треба да се направи, а тоа ќе го стори и во иднина“, беше цитиран Ким, фалејќи ги „уникатните квалитети“ на севернокорејската армија, пренесува ДПА.
Притоа Ким додаде дека резултатот од работата на војската во Курск „го зацврсти нејзиниот назив и репутација на најмоќна армија во светот, давајќи им на сите јасно да го разберат тоа“, додаде Ким.
Москва и Пјонгјанг во 2024 година потпишаа стратешко партнерство, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја. Договорот вклучува воена помош доколку една од двете земји биде нападната.
Северна Кореја ја поддржа руската војна против Украина, снабдувајќи ја Москва со оружје и со испраќање војници во Курск за повторно освојување на делови од пограничниот регион што ги зазедоа украинските трупи.
Според проценките на украинската разузнавачка служба, околу 14.000 војници од Северна Кореја се бореа на овој дел од фронтот, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги