Кеси: Милан е на исто ниво со Манчестер Jунајтед
Фудбалерот за врска на Милан, Франк Кеси верува дека тимот докажал дека е на исто ниво со Манчестер јунајтед. „Росонерите“ синоќа загубија (0:1) во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа и беа елиминирани од турнирот.
– Многу сме разочарани затоа што знаевме дека можеме да поминеме понатаму. Не ја искористивме предноста на првиот натпревар, иако требаше и можевме да се пласираме во четвртфиналето. На ваков турнир скапо плаќате за грешките. Се боревме до крај, докажавме дека сме на ниво на Манчестер јунајтед, но сега мора да се фокусираме на Серија А. Пласманот во најдобрите четири беше наша цел на почетокот на сезоната и останува наша главна цел. Можеме да го направиме тоа, изјави Кеси за „Скај Спорт Италија“.
Во домашното првенство Милан по 27 кола се наоѓа на 2. место со 56 бода, девет помалку од лидерот Интер.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии