Кери Лам преку видеоснимка се обрати во Парламентот на Хонг Конг
Лидерката на Хонг Конг Кери Лам и денеска мораше да го прекине својот годишен говор откако некои пратеници гласно ја попречуваа седницата, по што нејзиниот говор беше емитуван преку видео снимка.
Таа во своето обраќање претстави пакет мерки за недвижнини со цел враќање на довербата на граѓаните во нејзината администрација по четиримесечните антивладини протести.
Лам, исто така, рече дека во протестите се повредени повеќе од 1.100 луѓе и повеќе од 2.200 се уапсени.
Таа порача дека нејзината Влада ќе продолжи да ја почитува формулата „една земја, два системи“ и нема да толерира повици за независност или што било што може да и наштети на националната безбедност и суверенитет на Кина.
Таа најави и дека Владата драстично ќе го зголеми бројот на проекти за домување.
– Јасна цел е секој граѓанин на Хонг Конг и неговото семејство повеќе да не мора да се грижат поради проблеми со домување и да имаат свој дом во Хонг Конг, рече таа.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра