-->
-->
Казнети 205 возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај
-->
Во периодот од 06.00 до 16.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, и тоа во oпштина Чаир, населба Сингелиќ и општина Сарај, при што се санкционирани 205 возачи.
Како што соопшти МВР, во периодот од 06.00 до 09.00 часот во општина Чаир санкционирани се вкупно 70 учесници во сообраќајот, од кои 12 управувале без возачка дозвола, двајца со измината важност на регистрација на возилото, 19 управување со брзина поголема од дозволеното….
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот во населба Сингелиќ санкционирани се вкупно 42 учесници, од кои 13 управувале возило без возачка дозвола, четворица со измината важност на регистрација на возилото…
Во времето од 12.00 до 16.00 часот во општина Сарај санкционирани се вкупно 93 учесници, од кои 17 управувале без возачка дозвола, четворица со измината важност на регистрација на возилото, 22 управувале возило со брзина поголема од дозволената…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-

Преглед на вестите од светот
