Казнети 174 возачи во Скопје, 20 без возачка
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за непрописно престигнување и обиколување, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Филипче: Власта потфрли на сите полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи