Кавани ги збуни велешани, помина една ноќ во Велес
Ургуваецот пред два дена слетал на скопскиот аеродром „Александар Велики“ со својот постар полубрат и двајца пријатели. Од саботата наутро до денеска попладне престојуваше во хотелот „Гарденија“ во друштво на неговиот постар полубрат и уште двајца пријатели.
-Од она што дознавме е дека дури ни вработените во хотелот на „Гарденија“ не знаеле дека уругвајскиот репрезентативец и фудблаер на ПСЖ ќе биде гостин, објавува Македонски спорт.
Фудбалската ѕвезда вредна 65 милиони евра ја откриле добрите познавачи на фудбалот. Кавани немал посебни барања, а по денешното напуштање на Велес, тој се упатил во Бугарија. Во неговата експедиција имало една Бугарка која добро го познавала и македонскиот јазик.
Кавани на својот фејсбук профил сподели неколку слики, но не откри каде точно се наоѓа…Дека сакал да биде незабележан говори и локацијата на хотелот, кој се наоѓа надвор од градот.
Кои биле желбите на Кавани и кои македонски специјалитети ги пробал може да прочитате во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем