-->
-->
Катастрофа, се утна трансферот на Де Геа
-->
Шпанскиот репрезентативец Давид Де Хеа сепак во овој преоден рок нема да се пресели во редовите на Реал Мадрид, откако неуспешно заврши обидот за негов трансфер од Манчестер Јунајтед.
Весникот Marca, кој секогаше е добро информиран за случувањата во ‘кралскиот клуб’, на својата интернет страница објави дека документите на Де Хеа не пристигнале на време и поради тоа овој трансфер не може да биде заклучен.
Истата информациа ја пренесе и новинарот Гилијем Балаг, тој пишува дека документацијата за Де Хеа не пристигнала навреме во Шпанскиот фудбалски сојуз и дека поради тоа трансферот пропаднал.
Инаку, како што претходно информираа шпанските и англиските медиуми Реал за Де Хеа требало да плати помеѓу 30 и 35 милиони фунти и во Манчестер Јунајтед да го испрати Костариканецот Кејлор Навас.
Навас во понеделникот вечерта пристигнал на прегледи во Карингтон, откако претходно добил гаранции дека ќе биде прв голман. Англичаните тврдат дека иако трансферот на Де Хеа пропаднал сепак постојат шанси Навас сепак да потпише за Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница