Касами: Сите улици и институции во Тетово ќе бидат пристапни за лицата со физичка попреченост

Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Тетово денеска се сретна со претставници на Здружението на лицата со физичка попреченост. Тие му ги посочија проблемите и укажаа што требало да направи општинската власт, што е направено, но и што треба да се стори во иднина.
Касами вети патишта и инстутуции пристапни за сите лица со физичка попреченост.
-Разговаравме за сите нивни проблеми, им ветивме дека од моментот на доаѓање на власт во Општина Тетово ќе бидат наши партнери за постепено решавање на сите нивни проблеми, почнувајќи од седиштето на нивното Здружение кое треба да има достоинствени услови за работа. Им ветивме дека патиштата и инстутуциите во Тетово ќе бидат пристапни за сите лица со физичка попреченост. Им ветивме дека се што ќе биде инвестирано во Тетово ќе биде во консултација со здружението и со нивните членови, истакна Касами по средбата.
Касами потенцира дека и другите делови од програмата се важни за оваа група граѓани кои исто така се соочуват со недоволно паркинг-места во градот.
-Се додека не се реши хаосот во сообраќајот, се додека не се најде соодветно паркинг место а секое возило од домаќинство и бизнис, ние ќе обезбедиме бесплатно паркирање за сите возила во Тетово. Гарантираме дека многу броз ќе се реши прашањето со паркинзите, со тоа што ќе се изградат катни гаражи, монтажни паркинзи кои брзо се прават. Ветуваме дека за брзо време ќе има паркинг место за секое возило, рече Касами.
Кандидатот за градоначалник потсети дека согласно програмата ветува и градба на нови училишни објекти, со цел за четири години да има учење само во една смена, како и другите услови во школските објекти како што има во развиените европски земји.
Ново на Сител
-

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука
-

Потврден притворот на директорот и управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ги одбил жалбите
-

Тепачка на пензионери - две лица на 70 и 62-годишна возраст физички се пресметале во казино во Аеродром
-

Нови собири пред Собранието на Србија: Студенти со шатори заминуваат за Белград за да ја поддржат Хрка
-

Тепачка по расправија во сообраќајот - тетовец им се заканувал со нож на полицајци
-

18-годишна девојка од Карпош го пријавила својот татко за физички напад
-

На ГП Долно Блаце приведен Мароканец кој илегално влегол во државава
-

Тешко повреден 23-годишен возач откако со „ауди“ излетал од патот
