Касами, Меџити и Гаши со порака: Власта е најголема пречка на патот до ЕУ

Бидејќи денеска во Собранието на Република Северна Македонија, расправата за уставните измени беше ставена на дневен ред, и позавршување на дискусиите и исцрпување на расправата, претседателот на Собранието, без никаква формална причина не го изгласа предлогот за потреба за отворање на Уставот. Тоа подразбираше дека парламентарното мнозинство и оваа влада го знаат исходот од тоа гласање и затоа не сакаа да се соочат со недостигот на потребното мнозинство за уставните измени.
Знаејќи дека немањето број од 2/3 од пратениците е и немање легитимитет за продолжување на владеењето, а не можеме да не констатираме уште еднаш дека оваа влада нема грижа да ја одолговлекува интеграцијата и можноста
за отворање на преговорите со ЕУ кога станува збор за нивната лична власт. Наместо оваа точка да ја стави на гласање, за да се докаже потребното мнозинство, претседателот на Собранието му направи уште една услуга на ова кревко мнозинство, да го продолжи рокот на оваа власт за уште неколку дена, доволно за да заврши некоја финансиска трансакција.
Затекнати во оваа ситуација, кога не остана свесна партија на страната на власта за историскиот моментум за државата, ги повикуваме нашите меѓународни стратешки сојузници, ЕУ и САД, да ја известат оваа влада која ги преминува сите црвени линии и дека веќе е единствениот и директен виновник за неинтеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Соопштение на Алтернатива & Движење БЕСА & Демократско движење
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
