Касами: БЕСА ќе делува за активна блокада на Собранието
Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска изјава дека неопходни се предвремени парламентарни избори и оти неговата партија ќе ја блокира работата на Собранието. Тој образложи дека Владата нема кредибилитет да продолжи понатаму да ја раководи државата.
– Сигурно со тие капацитети што ги има Беса во случајот со двајцата пратеници во Собранието, ние ќе делуваме да имаме активна блокада затоа што цениме дека после неуспехот да се добие датум оваа Влада нема ни најмалку кредибилитет да продолжи понатаму. После сите овие кризи со кои се соочуваме и со нерешеното одлучување и постапување на оваа Влада, цениме дека веќе го нема легитимитетот и затоа ни се потребни предвремени избори, изјави Касами на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
На новинарско прашање дали ќе го земат предвид образложението на Владата дека во време на криза поради војната во Украина не треба вака да се делува, тој порача дека нема да се послуша извршната власт.
– Ако се слуша оваа власт поради кризата треба да им го продолжиме мандатот до бескрај. Изборите се неопходни, рече Касами.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан