Картер: Курдските сили се повлекуваат на исток од Еуфрат во северна Сирија
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека курдските Сили за заштита на народот (СЗН) се повлекуваат на истокот од реката Еуфрат, и ја повика Турција да се сконцентрира на борбата со Исламската држава (ИД), а не да ги напаѓа курдските борци, јави ТАСС.
- Ја повикувам Турција да остане сконцентирана на борбата со ИД, а не да се занимава со Сириските демократски сили (СДС), нагласи Картер.
Картер објасни, дека САД ги убедиле СДС да останат во источниот дел на Еуфрат, каде нема да влезат во конфликт со турските сили од западната страна на реката, и како едните така и другите да можат да вршат напади врз ИД од нивните позиции.
Изјавата на Картер и претходното соопштение на Пентагон, се првите критики на САД за нивниот сојзник во НАТО, Турција, откако таа започна воени дејствија во северна Сирија со американска поддршка, со цел да им помогне на сириските бунтовници да го преземат градот Џараблус од ИД.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Анкара ќе продолжи со операциите во Сирија, се додека ИД и кордските сили не претстанат да претставуваат закана за неговата земја.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска