Каракамишева- Јовановска: Одлуката на Иванов е целосно во согласност и во рамките на Уставот

Универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска вели дека одлуката на претседателот Иванов да не го даде мандатот на Заев е целосно во согласност и во рамките на Уставот на РМ.
-Претседателот на Републиката е должен својата функција да ја извршува согласно сите одредби од Уставот, а не само согласно одредбите кои се однесуваат на неговата функција. Тоа што овие неколку денови го читаме и го слушаме од експертите блиски до СДСМ дека претседателот нема право да не го даде мандатот за Влада на Заев, и дека се работи за формално дејствие кое мора да се заврши со формално доделување на мандатот е тесно експертско сфаќање кое не е во корелација со целосната уставна должност на претседателот на Републиката да го почитува уставниот поредок на државата, да го почитува Уставот од првиот до последниот член, и да ги брани темелните вредности врз кои истиот е заснован. Впрочем, претседателот на Републиката има дадено свечена изјава кога ја презеде функцијата дека истата ќе ја врши совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите на земјата. Оваа изјава претседателот ја нема дадено само за почитување на членовите од Уставот кои се однесуваат на неговите надлежности, туку дека неговата работа мора да биде во согласност со целиот Устав., вели Каракамишева- Јовановска.
Таа додава дека факт е оти албанската платформа е подготвена во друга држава, а е пост-изборно ампутирана во процесот на формирање ново парламентарно мнозинство и формирање нова Влада.
-Оваа платформа не е гласана од граѓаните на РМ што претставува флагрантно кршење на Уставот и целосна дискредитација на изборната волја на граѓаните. Токму затоа, оваа противуставна платформа не смее да биде основа за која било идна владина програма, или нов владин состав. Оваа противуствна состојба е доволен аларм за претседателот да го спречи овој антидржавен чин и да застане на браникот на националните и државните интереси. Тоа е негова основна уставна обврска, но и дел од совесното и одговорно работење на претседателот г. Иванов., смета универзитетската професорка.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
