-->
-->
Капитенот Лазаров од Барселона во Нант
-->
Францускиот прволигаш Нант го ангажира капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во желба да дојде до титулата во Франција.
Лазаров со Нант кој во моментов е на втората позиција на табелата потпиша двегодишен договор.
„Задоволен сум што се договоривме со ХБЦ Нант. Се приклучувам кон амбициозен клуб кој продолжува да расте сезона по сезона. Пресреќен сум што доаѓам во еден од најдобрите клубови на светот. Ова е возбудлив нов предизвик во мојата кариера“, вели Лазаров.
Нант најавува дека има големи амбиции за следната сезона, а тоа се потврдува и со фактот дека моментално се лидери во својата група, во Лигата на шампионите.
Лазаров реши дека му е потребен нов предизвик и си заминува од европскиот гигант Барселона каде е од 2013 година, Македонскиот бомбардер претходно има играно и за екипите на Веспрем, Загреб, Сиудад Реал, Алетико Мадрид и Пелистер.
Претседателот на Нант, Гаел Пелетие е пресреќен што тимот доби големо засилување.
„По големите имиња како Клајн, Гурбиндо и Њокас, денеска Кирил Лазаров доаѓа кај 'Х' на две сезони. Тој е еден од најголемите ракометари на светот. Нема други зборови да се опише неговата ефикасност во нападот. Со неговото доаѓање се покажува желбата на ХБЦ Нант да расне како тим и да добие сила на европска сцена", вели Пелетие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок