Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.
- Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата обработена документација се запишани 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатни медиуми и 246 интенет портали. Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали се отфрлени како неуредни, односно ненавремено доставени, дополнително доставени се два ценовници за упис во регистерот, но на истите правни субјекти нема доставено барање со што се отфрлаат како неуредни, информиира на вчерашната седница членот на ДИК Светлана Карапетрова на денешната 131 седница.
Вкупниот буџет за одржување на Локалните избори 2025, изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово