Канческа – Милевска: Силна поддршка за културата и во иднина
Силна поддршка за културата и во иднина, вети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната прес-конференција од партискиот штаб во Кавадарци.
Се осврна на многубројните проекти од областа на културата реализирани досега, меѓу кои и на реконструкцијата на Културниот дом, но зборуваше и за оние кои допрва ќе се спроведуваат.
– Се што правиме е со цел побогат културен живот и побогата културна понуда за граѓаните. Кавадарци е град со богато културно наследство, со значајна историја и културни историски вредности, а наша обврска е да ги негуваме и да инвестираме во нив, рече Канческа-Милевска.
Ја спомна и изградбата на Музејот на вкусови во Кавадарци, институција, рече, која поседува и археолошка и етнолошка историска поставка.
– Ќе продолжи заштитата на културното наследство, на големиот број спомен куќи што се карактеристични во Кавадарци, истакна министерката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот