-->
-->
Канарски Острови: Извлечени телата на пет мигранти, се трага по уште шест
-->
Службите за итни случаи на шпанските Канарски Острови велат дека ги извлекле телата на пет мигранти од морето и дека ги бараат другите.
Службата на својот профил на „Твитер“ напиша дека мигрантски брод се укотвил во Ланзароте, еден од седумте најголеми острови близу северозападниот брег на Африка.
Официјални лица велат дека четворицата мигранти на чамецот биле згрижени од екипи на Брза помош и се во добра состојба, пренесува АП.
Потрагата по другите продолжува од воздух и од море.
Шпанската приватна новинска агенција „Европа прес“ објави дека можеби имало уште шест лица на чамецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата