Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-Сум слушнал за Палчо, но како за Упа. Лично го немам видено. Не знаев ни како изгледа, се изјасни на денешното рочиште Александар Ѓорчевски.
Обвинителката Јосифовска го праша за деновите кога бил наркоман.
-Зависник бев од дрога, поточно од хероин. Конзумиран назално, не сум употребувал шприцеви и не сум бил екстремен зависник, објасни Ѓорчевски.
Обвинителката го праша Александар зошто не работел долги години туку ги чувал децата.
-Додека Зорица беше трудна живеевме од мои средства, имавме и пари собрано од свадбата. Мајка и на Зорица бараше да ангажираме жена за таа и мојата мајка да не се мешаат во воспитување на децата. Имавме неуспешен обид, ја фативме една жена како на Миња и дава некои таблети за спиење и за да биде мирна. Одеа во градинка но често се разболуваа. Ова се причините зошто се одлучувме јас да останам дома, а згора на тоа Зорица имаше поголема плата, ги објасни причините Александар.
Го праша и за неговото вработување во Кометал и за изјавата на Трифун Костовски дека за неговиот татко може да каже пофални зборови но не и за Александар.
-Не сум слушнал за таква изјава. Костовски го знам од мал, кога со татко ми беа претставници во Полска. Поради вакви причини и не гледам телевизија. Се шпекулира и измислува, објасни Александар.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година