Камерон може да се соочи со гласање за недоверба по референдумот

Британскиот премиер Дејвид Камерон би можел да се соочи со гласање за недоверба во Конзервативната партија веднаш по референдумот за ЕУ на 23 јуни, пишува „Дејли Меил“, повикувајќи се на извори од редовите на ториевците.
Како повод за гласањето би било неговото раководење со кампањата за референдумот и тоа не би било поврзано со резултатот од гласањето на Британците.
Весникот не ги открива своите извори, ниту дали се тие од редот на оние конзервативци кои заговараат напуштање на ЕУ или од проевропските ториевци, освен што вели дека станува збор за сопартијци на Камерон.
Актуелниот партиски лидер и премиер, претходно соопшти дека нема да поднесе оставка без разлика на резултатот од референдумското изјаснување, како и од тоа дека тој би можел да се најде на поразената страна.
Медиумите во Лондон меѓутоа, открија дека Камерон планира да изврши реконструкција на својата Влада веднаш по 23 јуни, при што се најавува дека ќе бидат сменети сите петмина министри, како и заменици министри, кои сега агитираат против Владата за Брексит.
Предводник на кампањата за напуштање на Унијата е министерот за правда Мајкл Гоув, а со него е и поранешниот партиски лидер и министер за труд и пензии Ијан Данкан Смит, но лидер на „бунтовничката“ група и на кампањата за Брексит е доскорешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.
Нивната кампања станува се поагресивна, како се приближува 23 јуни, па Џонсон и Гоув јавно го прекорија Камерон за „владиниот неуспех“ да се запре напливот на имигранти и покрај зацртаниот план.
Овие владини планови потекнуваат уште од претходната, коалициска влада, и според нив, нето приливот на мигранти во Велика Британија требаше да се сведе на само 100 илјади годишно, приближно како во времето кога премиер беше Маргарет Тачер во осумдесетите години на 20 век.
Најновите податоци на британското Национално биро за статистика покажува дека нето имиграцијата во 2015 година достигнала 330 илјади лица, а дека половината од нив се дојденци од земјите членки на ЕУ, во огромен број од државите од Источна Европа.
Џонсон и неговите истомисленици, чија антиевропска кампања за напуштање на ЕУ се сведува на „неможноста на Владата“ да го запре влезот на европските мигрантите од Истокот на Европа, инсистираат Владата да поднесе сметка за неуспохот на нејзината миграциска политика.
Ваквата дебата, на помалку од еден месец пред референдумот, би требало да биде „крунскиот аргумент“ на застапниците за Брексит дека само надвор од ЕУ, Велика Британија би можела да се одбрани и спаси од напливот на источноевропските ЕУ мигранти.
Аналиитчарите во Лондон веруваат дека целата стратегија на Џонсон, кој порано беше против заминувањето од ЕУ, е насочена да се победи на референдумот за да се собори Камерон, затоа што тој не ја крие амбицијата да влезе во Даунинг стрит 10.
Дејвид Камерон беше избран за лидер на конзервативците во деќември 2005 година, по оставката на Мајкл Хауард.
За премиер прв пат беше избран во мај 2010 година, кога ја предвидеше коалицијата со либералдемократите. На изборите во мај 2015 година, Камерон успеа да оствраи апсолутна победа со своите ториевци и да формира еднопартиска Влада, што овозможи да се истурка референдумот за останувањето или за замнинувањето од ЕУ.
Ново на Сител
-

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-

Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
