Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, но не одговорија дали тој треба да се распушти
Никој да не се меша во судската власт, порачаа денеска новите членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски, кои дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Лимани и Камбовски не одговорија што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет.
- Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба против корупција. Се надевам дека тие мои убедувања ќе бидат третирани во советот, изјави Камбовски.
Прашан што мисли за распуштање на Советот, Камбовски рече дека нема што да мисли сега, бидејќи треба да се разгледаат новите предлози, а засега не ги знае.
-Секогаш е убаво судството да е независно. Тоа е една од властите во државата. Како што се независни другите власти, треба и судството да биде независно и само да решава за своите потреби, додаде Камбовски.
Судијата Лимани, пак, се повика на законските и уставните одредби за независноста на Судскиот совет.
-Согласно уставните и законските одредби се знае дека Судскиот совет е независен уставен орган кој ќе се грижи да се обезбеди независноста на судството. Судскиот совет треба да обезбеди услови таа независност да биде потранспаретна, и да може поефикасно да работат судовите, изјави Лимани.
Ни тој не одговори дали смета дека Судскиот совет треба да се распушти, туку кажа дека доколку треба да се прават други реформи, Собранието е тоа кое може да го смени Уставот.
-Бидејќи уставотворецот Собранието е законодавец и установотворец, тие имаат надлежност ако го менуваат уставот бидејќи се знае дека амандманите што се донесени во 2006 дека судството е независна власт, но тие може да го сменат уставот може да донесат и други реформи, рече Лимани.
Судијата од Врховниот суд Исамедин Лимани и судијата од Апелационен суд Битола Александар Камбовски беа избрани на 6 јуни годинава откако судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје. За Лимани гласале седум судии, а Камбовски беше избран за член на Судскиот совет со вкупно освоени 28 гласа.
Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.
Ново на Сител
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
-

ВМРО-ДПМНЕ: Посакуваме Данела да се надмине и да ги победи своите стравови и болки, борбата со таквите демони не е лесна
-

Менди Ќира го продава луксузното „Ауди“ на Мерко и најави отказ за сите што земаат плата а не одат на работа
-

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
-

Мицкоски: Не се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК, се ќе истражиме
-

Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери
-

Нагелсман: Целокупната ситуација во Ливерпул не му ја олеснува работата на Вирц
-

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир
