Џет-Сет
21. August 2017 - 15:41

Каква е Цеца во кревет? - Српските медиуми објавија исповед на човекот кој со часови бил во кревет со пејачката

Креаторот Саша Видиќ во интервју за српските медиуми открил се што многумина ги интересира- каква е Цеца во кревет?
 
Тој раскажал дека тоа и не е баш толку прекрасно, а овој пат ги објаснил и деталите!
 
- Знам дека многумина ме мразат и ми завидуваат поради делењето на креветот со Цеца! Ние сме како брачен пар кој е заедно околу 70 години. Јас ја молам да ја исклучи климата, таа да го намалам звукот на телевизорот. Гледаме серии, точно една епизода за цела недела, затоа што по две сцени ние заспиваме. Можеби сум навистина среќен човек. Мислам дека сум, - изјавил Саша.