Како од мајка родени: Група голи жени ја изведоа претставата „Бура“ од Шекспир

Кога ќе си замислите типична изведба на драма од Шекспир, вообичаено ќе си помислите на целосно машка театарска екипа која настапува облечена од глава во петици во богато украсени костуми, со фреза околу вратот и капа на главата. Па така, веројатно би биле изненадени кога ќе видите театарска група сочинета од голи жени како во њујоршкиот Централ Парк ја изведуваат драмата „Бура“ на бесмртниот бард.
Членовите на екипата, кои се дел од „Студентското топлес здружение за почитување на евтините приказни“, решиле да изведат претстава која ќе ги истакне ограничувањата кои цивилизацијата ги наметнува врз човечките тела. Додека Просперо и Миранда, ликови од драмата кои 12 години биле на прогонство на карипски остров ја започнуваат претставата голи, поцивилизираните ликови кои се исфрлени на брегот се појавуваат целосно облечени, за потоа, како што се развива дејствието, да почнат да се соблекуваат.
Продуцентот Шарл Ардал вели: „Дел од причината за изборот на Шекспир е тоа што тој е неспорен уметник. Никој кој ќе слушне дека го изведувате Шекспир не би можел да го доведе во прашање фактот дека тоа што го правите е во служба на уметноста.“
Движењето без горен дел (топлес) е дозволено во Њујорк, и иако целосната голотија вообичаено е забранета, се дозволува кога тоа се прави во име на уметноста.

Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Белгија нема да биде сама во соочување со ризиците од користење на замрзнатите руски средства
-

Локални врнежи од дожд со услови за невреме
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
