Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, денеска повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Русија, по последниот руски воздушен напад врз Украина во кој загинаа најмалку 12 лица.
Нападите од синоќа уште еднаш покажуваат дека Русија е решена да го зголеми страдањето и уништувањето на Украина. Ужасно е да се видат деца меѓу невините убиени и ранети. Ни треба најсилен меѓународен притисок врз Русија за да ја запре оваа војна, објави Калас на платфорката Икс.
Властите во Киев претходно соопштија дека најмалку 12 лица се убиени во руските воздушни напади врз неколку региони, неколку часа пред планираната размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Меѓу жртвите се и три деца во северозападниот украински регион Житомир.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство