Каевски организираше прием за македонските кик-боксери
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска организираше прием за македонската Кик-боксинг федерација предводена од претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко по повод организацијата на последното Европско првенство за кадети и јуниори и успешниот настап на нашите натпреварувачи.
Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреварувања, а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери.
- Ми претставува чест што денес имам можност да ги примам младите репрезентативци кои направија високи резултати на последното европско првенство во кик-бокс. Македонија секогаш давала големи имиња во кик-боксот, па и од оваа репрезентација очекувам да излезат идните сениорски репрезентативци кои ќе ја претставуваат Македонија и ќе и донесат високи одличја во иднина. Во однос на организацијата на Европското првенство, Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреварувања. Сакам да им честитам и на Кик-боксинг федерација на Македонија, која се покажа како одличен домаќин на ова првенство, изјави Каевски.
Митровски упати благодарност до директорот и до АМС за огромната поддршка што ја даваат на федерацијата, особено за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување и дополни дека Македонија се покажала како одличен домаќин додека во однос на резултатите репрезентативците биле на посакуваното ниво.
- Сакам да упатам голема благодарност до директорот Каевски и до АМС за огромната поддршка што ни ја даваат, особено кога ни беше најпотребна за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување. Ние како организатори се покажавме како одлични домаќини и учесниците беа задоволни од нашето гостопримство. Во однос на македонската кик-бокс репрезентација, ние со 10 медали во генерален пласман завршивме на 27.место со 3 сребрени и 7 бронзени медали, рече Митровски.
Сребрени медали освоија Азрет Зекири, Стефан Крстев и Марко Тодоров, додека бронзите им припаднаа на Никола Нацев, Ивица Цветковски, Стојанов Благојче, Ненад Пантиќ, Бобан Јосифов, Витанов Витанче и Викторија Варадинова.
Следен голем настан кој ја очекува федерацијата е Светското првенство за сениори 2017 во Будимпешта, Унгарија од 3 до 12 декември
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки