Јужна Кореја ги продолжи анти-ковид мерките поради омикрон
Јужна Кореја денеска ги продолжи правилата за физичко растојание воведени поради Ковид-19 за дополнителни две недели бидејќи расте бројот на заразени со Омикрон.
Ограничувањата требаше да бидат укинати во недела, но премиерот Ким Бу-кјум рече дека продолжувањето е потребно за да се забави ширењето на омикрон поради страв дека прославата на кинеската Нова година, која заврши во средата, може да предизвика бран зараза.
Новиот дневен број на инфекции е тројно зголемен во последните две недели, но бројот на смртни случаи и сериозни инфекции остана релативно низок во земјата која има висок процент на вакцинирани.
Јужна Кореја денеска пријави рекордно дневно зголемување од 27.443 нови случаи на Ковид-19, вклучително и 24 нови смртни случаи.
Речиси 86 отсто од 52 милиони луѓе во земјата се целосно вакцинирани, а 53,8 отсто примиле и засилувачка доза.
Ново на Сител
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?