-->
-->
Јункер ја повика новата грчка Влада да се придржува до реформите
-->
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика денеска Грција да работи за стабилност и да се придржува кон договорот за реформи по реизбирањето на Алексис Ципрас за премиер.
- Грција сега има потреба од широка поддршка од сите партии, инстуционална стабилност и своевремена примена на реформите, за да се врати довербата, напиша Јункер во честитката до Ципрас.
Во неа претседателот на ЕК посочува дека постои итна неопходност од менаџирање на имиграциската криза, која ќе биде тема на седницата на Европскиот совет.
- Ни претстои многу работа и немаме време за губење, ќе ја поддржиме новата Влада во нејзините напори, напиша Јункер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања