Јункер: Грција практично ги постигна целите на реформите побарани од кредиторите
Грција практично ги постигна целите на реформите, побарани од нејзините кредитори, и утре Еврогрупата ќе ги има „првите дискусии“ за можното управување со долгот на оваа земја, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесуваат француските медиуми.
-Во моментов ги изведуваме првиот преглед на планот (ревизија) за помошта на Грција, и неговите цели се практично постигнати, изјави Јункер во интервју кое денеска ќе биде објавено во германските весници, сопственост на медиумската групација „Функе“.
Прегледот на планот за реформи, што Атина го воведува во замена за международниот кредит доделен минатата година, грчките кредитори го сметата за првичен услов за секакви дискусии за грчкиот долг. Но, по повеќе месеци разгледување на планот реформите се уште не го добија одобрението, пред се, поради разликите меѓу ЕУ и ММФ, забележуваат француските медиуми.
Во Брисел утре ќе се одржи средба на 19-те министри за финансии од земјите на еврозоната, кои повторно ќе го разгледаат постигнатото во грчките реформи.
-На оваа средба министрите ќе ги имаат и првите дискусии за тоа што може да се направи за грчкиот долг да стане поднослив на долгорочен план, додаде Јункер.
Тој, меѓутоа, напомена дека отпишување на грчкиот долг не е на дневниот ред на министрите за финансии од еврозоната
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна