-->
-->
Јунајтед без Роналдо против Челзи
-->
Манчестер јунајтед потврди дека Кристијано Роналдо нема да патува со тимот за саботното дерби со Челси, откако вчера успеа да го „расипе“ триумфот од 2:0 над Тотенхем со заминување од стадионот пред мечот да заврши откако беше лут што не влегол во игра.
Денешните шпекулации, пак, велеа дека тој одбил да влезе во игра во второто полувреме на мечот, по што си заминал не само од клупата, туку и од стадионот. Менаџерот Ерик Тен Хаг изјави дека денеска ќе се „справи“ со ситуацијата, и откако Роналдо беше повикан на разговори од клубот потврдија дека тој нема да биде дел од составот за мечот со Челси.
„Кристијано Ронадо нема да биде дел од тимот на Манчестер јунајтед за саботниот меч од Премиер лигата против Челси. Остатокот од тимот е целосно фокусиран на тој меч“, се вели во објавата на веб-сајтот на клубот.
Ова е само кулминација на незадоволството на 37-годишниот Португалец на „Олд Трафорд“, откако имаше неуспешен обид да си замине во текот на летото, пропуштајќи ја претсезоната и турнејата на клубот во Азија и Австралија, по што Тен Хаг не му дава постојано место во составот. Ќе биде интересно во јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст