Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен повторно во „Војна на ѕвездите“
Откако беше потврдено уште во декември лани, дека Хајден Кристенсен се враќа во улогата на Дарт Вејдер, „Дизни“ и „Лукасфилм“ сега ја соопштија цела постава за претстојната серија „Оби-Ван Кеноби“ наменета за стрим-платформата „Дизни плус“.
Заедно со Јуан Мекгрегор како џедај и Кристијансен, во претстојната минисерија ќе глумаат и Џоел Еџертон, Кумаил Нанџиани, О’Шеј Џексон Џуниор, Бони Пиеси, Моузес Инграм, Индира Варма, Руперт Френд, Сунг Канг, Симоун Кесел и Бени Сафди. Покрај откривањето на целата екипа, Дизни потврди и дека снимањето ќе почне во април, а серијата треба да се прикажува на малите екрани на почетокот на 2022 година.
Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен глумеа и во втората долгометражна трилогија на „Војна на ѕвездите“ од пред 20-на години.
Патем, серијата „Оби-Ван Кеноби“ е само еден од повеќето проекти од приказната за „Војна на ѕвездите“ на коишто работат „Дизни“ и „Лукасфилм“. „Дизни плус“ веќе ги најави и „Лошите примери“ и „Книгата за Боба Фет“, како и третата сезона на „Мандалориецот“ и сѐ уште ненасловен филм, во режија на Таика Вајтити.
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари