Бизнис
5. January 2022 - 16:36

ЈСП бара субвенции од Владата по зголемувањето на цената на енергенсите

По сериозниот скок на цената на метанот, ЈСП  бара  помош од Владата и од Градот Скопје. Со поскапувањето, трошокот  за гориво на претпријатието се зголемуваат од 1 на 2 милиони евра. Директорот, Илиевски  вели дека,  ако во вакви услови не му се помогне на ЈСП, загубите значително ќе се продлабочат. Сепак уверува дека поскапувње на билетот и редуцирање на автобусите нема да има, а ќе остане и  бесплатниот превоз.  

Од Градот Скопје  ја повикаа Владата да има слух за проблемот на ЈСП со високата цена на метанот. Од таму посочија дека на последната седница се донела одлука на ЈСП да му се доделат  4 милиони евра за потешкотии во работењето. Овие пари се дотации кои Град Скопје ги обезбедува секоја година за претпријатието.

Откако РКЕ соопшти дека законски не може да ја замрзне цената на метанот и истата да ја регулира од причина што станува збор за пазарна дејност која не е во нивна надлежност,  од ЈСП обараа во идина , преку законски измени да се овозможи Регулаторот,  да ја регулира и оваа цена како што тоа го прави со другите енергенси.

„ Регулаторната комисија за енергетика единствено ги утврдува тарифите за пренос и дистрибуција на природен гас, ние не издаваме лиценци за трговија со ЦНГ, затоа што пазарот на природен гас е либерализиран веќе 7 години. А одлука за замрзнување на цени носи Владата. Природниот гас кој се транспортира во посебни боци, при што истиот е во компримирана состојба, ЦНГ или често викан „метан“ може слободно да се тргува без лиценца. Набавката и продажбата на компримираниот природен гас може да го врши секое правно и физичко лице за свои потреби. Цената на овој енергенс не е регулирана и истата слободно се формира од страна на трговците со ЦНГ, се вели во соопштението од РКЕ.

Инаку на  метан возат 33 нови автобуси на МАН и на ЈСП.

Заклучно со септември лани,  загубите на ЈСП изнесуваат околу 2  милиони евра плус долг кон добавувачи од 4 милиони евра.