ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети.
-Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Оттаму појаснуваат дека за граѓаните да надополнат картичка, треба да влезат на skopjebus.mk, да изберат„Надополни картичка“, да ги внесат потребните податоци за картичката, да одберат дали сакате билети или износ (средства) и да ја потврдат и завршат постапката.
-Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load, наведуваат од ЈСП - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
