ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“ спроведува голема акција за есенско расчистување на вегетацијата на патните правци и клучките на влезот во главниот град Скопје, соопшти попладнево Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Акцијата по налог на ЈПДП се спроведува согласно со Годишната програма за оддржување на државните патишта.
- Бујната вегетација не е присутна само во пролетниот период туку кога имаме обилни врнежи и во есенскиот период и токму затоа на најкритичните точки отпочнавме со сеопфатно расчистување на дел од автопатските делници, а посебно со оваа акција се опфатени клучките Хиподром, Белви, Петровец и Миладиновци каде што има најголема фреквенција на сообраќај и во овој период од годината, соопшти ЈПДП на својата фејсбук страница.
Јавното претпријатие за државни патишта секоја година преку договор го доверува одржувањето на државните патишта на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“.
МИА
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
